Top Sport

Лабадија ќе биде замената за Клинсман во Херта

Бруно Лабадија е именуван за нов тренер на Херта Берлин, наследувајќи го легендарниот Јирген Клинсман на „Олимпијастадионот“ од 13 април, откако Клинсман шокантно си замина откако потроши рекордна сума во зимскиот преоден рок.

54-годишниот Лабадија требаше да биде именуван на стартот на следната сезона, откако привремената позиција му беше предадена на Александер Нури, но од клубот велат дека било потребно да се направат промени.

„Поради ситуацијата со корона вирусот и прекинот на сезоната, имавме рана летна пауза и ја искористивме да го подготвиме тимот во следните неколку недели за продолжување на сезоната“, вели генералниот директор на клубот, Михаел Прец.

Лабадија беше на чело на Волфсбург минатата сезона предводејќи ги до шестото место и квалификациите во Лига Европа, додека Херта и покрај големите инвестиции и носењето на Клинсман на клупата се само 13. на табелата. Клинсман сметаше дека не може да смета на целосна поддршка на бордот на клубот.

Scroll to Top