Лацио поведе на „Сан Пауло“ уште во четвртата минута, но тоа само го инспирираше лидерот во Серија А, Наполи да стигне до убедлива 4:1 победа за враќање на врвот пред Јуве.
Осмата победа во низа на „Партенопеи“ не беше на повидок кога во третата минута, Стефан де Фриј го шокираше Пепе Реина. Лацио имаше предност сè до 43-тата минута кога рамнотежата ја врати Хорхе Калехон.
Целосен пресврт Наполи направи во две минути во второто полувреме, кога прво Волас си постигна автогол во 54. минута, пред Зиелински две минути подоцна да зголеми на 3:1. Дрис Мертенс ја продолжи голгетерската низа со уште еден гол во 73. минута.
Наполи сега има 63 поени на првото место, еден повеќе од Јувентус, додека Лацио се трети со 46 поени.