Лацио рутински со 3:0 ги совлада Удинезе во 12. коло во Серија А, за да се зацврстат на третото место во Серија А со осум поени заостанување зад лидерот Наполи.
Самир си постигна автогол во 22. минута за водство на домаќините, пред на почетокот на второто полувреме Нани го удвои водството. Лацио го комплетираше триумфот од 3:0 со голот на Андерсон во 87. минута.