Top Sport

Лацио го носи Ведат Муриќи на „Олимпико“

Претставниците на Лацио отпатувале во Истанбул за да ги финализираат преговорите со Фенербахче за косовскиот напаѓач, Ведат Муриќи.

Според „Спорт Италија“ и „Скај спортс“ се работи за понуда од 18 милиони евра, со која „орлите“ ќе се засилат со 26-годишниот напаѓач, кој оваа година даде 17 гола и 7 асистенции во 36 меча во потпросечната сезона на Фенербахче.

Муриќи дојде во Фенер од Ризеспор пред само една година за 3.5 милиони евра, со што турскиот клуб ќе заработи убав профит. Муриќи заедно со Борха Мајорал би требало да бидат главните засилувања за римскиот клуб, од каде ќе замине Фелипе Каиседо.

Scroll to Top