Top Sport

Лацио го „скрши“ отпорот на Емполи (видео)

Емполи се покажа како цврст противник, но Лацио отпатува во Рим со трите поени, откако голот на Пароло беше доволен за втора победа во низа на тимот на Симоне Инзаги.

Домаќините, кои оваа сезона влегоа во Серија А, имаа поголем дел од поседот на топката во првото полувреме, во кое им беше поништен и гол поради офсајд, додека „лацијалите“ вратија со тоа што ја погодија стативата.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 50. минута, кога Марко Пароло „налета“ на нафрлената топка по брз контра-напад на Лацио.

Фото: ЕПА

Scroll to Top