Top Sport

Лацио и Милан најинтересни опции за Марио Геце

Лацио, Милан и Рома се дел од клубовите кои се заинтересирани за Марио Геце, откако Борусија Дортмунд потврди дека херојот од Светското првенство во 2014 година си заминува од клубот како слободен фудбалер.

„Марио ќе замине ова лето. Тоа е одлука која ја направивме заедно со него. Марио е фантастичен човек“, изјави Михаел Цорк, генералниот директор на Дортмунд во саботата.

Геце следниот месец ќе наполни 28 години и би бил подготвен за трансфер во Серија А доколку добива приближно иста годишна плата како досега, од 5 милиуони евра.

Лацио се посебно „загреани“ за Германецот, а исто така се познати по тоа што ја обновуваат кариерата на ветераните, како таа на неговиот сонародник Мирослав Клозе. Милан исто така имаат проблем во нападот откако се очекува Златан Ибрахимовиќ да замине, а привлечно може да биде тоа што најавите се дека во клубот ќе има германски тренер, Ралф Рангник.

Scroll to Top