Top Sport

Лацио не го земале Кристијано бидејќи го сакале „вистинскиот Роналдо“

Лацио одбиле можност да го донесат Кристијано Роналдо во Рим на почетокот на неговата кариера, тврди агентот Алесандро Моџи, кој додава дека поранешниот претседател на клубот, Серџо Крањоти го сакал само „вистинскиот Роналдо“, оној бразилскиот.

Тогашниот агент на Кристијано, Жорге Мендеш се понудил на Лацио, но во клубот решиле да го „пропуштат“ Португалецот во надеж дека ќе го добијат Роналдо Назарио.

„Мендеш беше добар пријател со поранешниот спортски дирекетор Џанмарко Калери, и заедно му го понудивме Кристијано, но тој ни одговори дека не го сака и побара да му го најдеме вистинскиот Роналдо, така што немаше вистински преговори“, открива Моџи.

Иако Лацио ја освоија Серија А и Купот на куп победници за време на владеењето на Крањоти, тој сигурно подоцна жалел што му избегала шанса да донесе фудбалерот кој потоа освои пет титули од ЛШ и пет „Златни топки“.

Scroll to Top