Top Sport

Лацио од 0-3 до бод во 92 минута (Видео)

Неверојатен натпревар попладнево во Рим одиграа Лацио и Аталанта. Дуелот заврши 3-3 иако Аталанта по 37 минути имаше предност од три гола.

Два гола во интервал од пет минути, во 23 и 28 минута постигна Луис Мјуриел, а Папу Гомез во 37 минута им донесе огромна предност на гостите од Бергемо.

Лацио по катастрофалното прво полувреме трошка надеж виде во 69 минута кога Имобиле погоди од пенал. Само 60 минути подоцна Имобиле му асистираше не Кореа за 2:3.

Драмата кулминираше во финишот кога Лацио доби уште еден пенал во 92 минута. Имобиле погоди уште еднаш и со девет гола ја предводи листата на стрелци во Серија А.

Scroll to Top