Top Sport

Лацио остана без Закањи

Последното засилување на Лацио, Матеија Закањи, поради повреда ќе отсуствува од тимот. Закањи, последните денови од преодниот рок за сума од седум милиони евра, плус дополнителни бонуси, од Верона се пресели во Лацио.

„Во наредните неколку денови ќе можеме да кажеме колку ќе отсуствува од терените“, соопшти Лацио.

Според медиумите, повредата не е сериозно, но Закањи ќе пропушти два важни натпревари, против Торино и Рома.

Scroll to Top