Три натпревари се одиграа во попладневниот термин во Серија А. Лацио забележа победа над Лече 4:2, додека без голови завршија натпреварите Сампдорија-Аталанта и Удинезе-СПАЛ.
Интересен меч одиграа на „Олимпико“ Лацио и Лече. Гледачите водоа шест гола и два пенали, од кои еден не беше реализиран.
Серијата на голови ја отвори Аргентинецот Кореа во 30 минута, а десет минути подоцна Лападула израмни на 1:1
Милинковиќ-Савиќ во 62 минута повторно ја врати предноста на Лацио, а пет минути подоцна Бабакар не успеа да реализира пенал за Лече. Имобиле ја зголеми предноста на Лацио во 77 минута, а три минути подоцна Кореа со својот втор гол го реши победникот.
До крајот Ла Матија во 85 минута го ублажи поразот на Лече.