Top Sport

Лацио потврдија дека пристигнува Андреас Переира

Директорот Игли Таре и тренерот Симоне Инзаги потврдија дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Андреас Переира во следните два-три дена ќе потпише за клубот од Рим.

24-годишниот Бразилец, кој имаше 40 настапи за „ѓаволите“ минатата сезона, е еден од фудбалерите на кои Оле Гунар Солскјер не смета оваа сезона.

„Переира ќе пристигне во следните два-три дена“, изјави Таре за „ТМВ“ вечерва.

Тренерот Инзаги исто така го коментираше трансферот.

„Го познавам добро, се работи за квалитетен фудбалер кој може да ни помогне. Не сакам да зборувам за фудбалери кои уште не се наши, но тука е Таре кој знае што е потребно“, вели Инзаги.

Scroll to Top