Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе биде еден од најбараните играчи во зимскиот преоден рок, а Лацио во пресрет на преодниот рок ја одреди цената. Римскиот клуб за младиот Србин бара 100 милиони евра.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), минатата сезона се наметна како еден од клучните играчи во тимот, а репутацијата ја доизгради со брилијантниот почеток на новата сезона.
Играчот од редот за врска досега има постигнато четири гола, а она што го прикажа во 13 натпревари колку што одигра од почетокот на сезоната го привлекоа вниманиетот на Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Манчестер Сити и Јувентус.
Цената на СМС од финишот на минатата сезона до денес рапидно се зголеми. Јувентус во летниот преоден рок нудеше помеѓу 50 и 60 милиони евра, Лацио таа сума ја одби без размислување. Добрите игри на СМС ги зголемија на челниците на Лацио најпрвин на 80 милиони евра, а откако се појавија шпекулациите дека Сити е подготвен да ја плати таа сума, Лацио за јануари ја одреди цента, 100 милиони евра.
Висок (191 см), брз, млад (22 год.), универзален, силен, Милионковиќ-Савиќ е прототип на совршен играч од редот за врска во современиот фудбал, а медиумите најчесто го споредуваат со Пол Погба, до минатото лето најскапиот играч во светот.
Интересно, СМС не е член на репрезентацијата на Србија.