Top Sport

Лацио прв полу-финалист во Купот

Фудбалерите на Лацио се пласираа во полу-финалето во Купто на Италија. „Небосно-сините“, во здодевен и неквалитетен натпревар ја елиминираа Фиорентина.

Лацио на „Олимпико“ победи со минималн 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Сенад Лулиќ во шестата минута.

Лацио во полу-финалето за противник ќе го има победникот од градскиот дуел помеѓу Милан и Интер. Овој натпревар ќе се одигра вечерва на „Сан Сиро“.

Преостанатите две четврт-финални двојки Наполи-Аталанта и Јувентус-Торино на програмата се на 2 и 3 јануари.

Scroll to Top