Top Sport

Лацио се пофали со Бадељ и Кореа

Лацио потврди дека донесе две нови засилувања, носејќи го Милан Бадељ сна слободен трансфер и плаќајќи добро за Хоакин Кореа.

Хрватскиот интернационалец Бадељ беше слободен агент откако си замина од Фиорентина, каде што беше и капитен, додека Кореа доаѓа од Севилја за 20 милиони евра, а двајцата го комплетираа трансферот по завршувањето на медицинските тестови.

29-годишниот Бадељ, кој стигна до Хрватска до финалето на СП во Русија, беше поврзуван со повеќе клубови, како Спортинг Лисабон, Милан и Зенит Санкт Петербург. Кореа пак, е замена за Фелипе Андерсон, кој замина за 9 милиони евра во Вест хем.

Scroll to Top