Top Sport

Лацио се заканува со излегување од Серија А (видео)

Италијанските медиуми тврдат дека Лацио сериозно размислува за излегување од Серија А по контроверзниот пораз од Торино во понеделникот.

Според „Премиум спорт“, претседателот на клубот, Клаудио Лотито сметал дека постои „политички обоена“ кампања за да се спречи Лацио да стигне до топ 4 место во Серија А.

Играчите на тимот, тренерот Симоне Инзаги и директорите на клубот тврдат дека постои огормен скандал откако не беше досуден пенал за игра со рака, а Чиро Имобиле беше исфрлен од игра при 3:1 поразот. Ова беше прв гостински триумф на Торино над Лацио по 24 години пауза.

„Можеби луѓето не го сакаат Лацио во топ 4. Неверојатно зошто не ни беше досуден пенал. Не можеме да играме ваков фудбал, бидејќи ова не е првпат. Сега дури повеќе сакаме да победиме“, изјави играчот од средниот ред, Луис Алберто.

Инзаги беше уште подиректен.

„Сликите се јасни. Можеме да го анализираме првото полувреме, но второто беше целосно одлучено од судијата, неговите соработници и ВАР системот. Ова не е прв инцидент и навистина не тера да се замислиме. Како да има заговор против нас. Не сакам да верувам во тоа, бидејќи ова е најубавиот спорт на светот, но четири натпревари во низа има грешки против нас. Ова е најтешкиот период во мојата тренерска кариера“, вели Инзаги.

Спортскиот директор на „Бјанкочелестите“, Игли Таре отиде чекор понапред.

„Сакаме да се разјаснат овие инциденти. Стигнавме до нашата позиција без да украдеме ништо, со добар фудбал и со силен тим. Нашата судбина ја менува некој друг“, додава Таре.

Имобиле „поцрвене“,  Торино со три бода од Рим (видео)

Scroll to Top