Фудбалерите на Лацио го победија Кротоне 4:0 во првиот меч од 18.коло во Серија А. Головите за „небесносините“ ги постигнаа четворица различни фудбалери и тоа во второто полувреме.
По мирното прво полувреме серијата на голови ја отвори Џордан Лукаку. Помладиот брат на ѕвездата на Манчестер јунајтед, беше прецизен во 56.минута.
На вториот гол се чекаше до 78.минута, кога најдобриот стрелец на Лацио, Чиро Имобиле во гол ја претвори асистенцијата на Лулиќ.
Во последните пет минути Лацио дополнително ја потврди победата, најпрвин Лулиќ во 86.минута зголеми на 3:0, а три минути подоцна Пароло го постави конечниот резултат.
Лацио е петти на табелата со 36 бода, додека Кротоне остана 16.место.