Напаѓачот на Мајорка, Лаго Жуниор го искористи необичниот амбиент на карантин за во неделата да ја побара за жена неговата девојка Фабиола Парало Масијас.
Шпанија е една од најпогодените земји од КОВИД-19 со речиси 10 илјади заразени и околу 350 мртви, а Жуниор беше еден од тие кои беа во карантин, и тоа го искористи за да го постави клучното прашање.
„Моја љубов, имав поинаков план со семејството, пријателите и другите, но условите ме натераа да го сменам местото и друштвото. Поминавме многу заедно, добри и лоши моменти и знаев дека еден ден ќе дојде овој момент во мојот живот. Знаев дека ќе те побарам за жена и ќе побарам од тебе да ме придружувашд о крајот на животот“, напиша Жуниор на Инстаграм со фотографијата на која е нивната ќерка Ајлен.