Тимот на РБ Лајпциг минатата сезона беше германски вице-шампион, но оваа сезона не ги оправда големите очекувања на сопствениците од Ред бул, иако уште еднаш покажа дека е еден од ретките клубови кои можат да го победат Баерн Минхен.
Во дербито на 27. коло на германската Бундеслига, Лајпциг се врати од негатива 0:1 за да ги совлада моќните Баварци со 2:1 и да им го нанесе првиот пораз по 13 натпревари.
Ветеранот Сандро Вагнер продолжи со одличните натпревари за Баерн, откако Хамес Родригез го пронајде одлично за водство на гостите по само 13 минути игра.
Тогаш на сцена стапи Наби Кеита, младиот фудбалер кој од лето ќе биде член на Ливерпул – прво во 37. минута најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Свен Улрајх за да израмни, за во 56. минута да го најде Тимо Вернер, кој од далечина ја обезбеди победата.
Тимот на Јуп Хајнкес уште е убедливо на првото место во Бундеслигата со 66 поени, 17 повеќе од второпласираниот Шалке, додека Лајпциг се шести со 43 поени.
Фото: ЕПА