Шефот на „глобалниот фудбал“ на Ред бул, Оливер Минцлаф вели дека за РБ Лајпциг е „незамисливо“ да го продадат Тимо Вернер.
21-годишниот Вернер е еден од најпосакуваните млади играчи откако дојде во Лајпциг од Штутгарт на стартот на минатата сезона, со осум гола во 15 настапи во Бундеслигата, и Реал Мадрид и Баерн Минхен се меѓу тимовите кои се заинтересирани.
„Тимо е многу важен играч за нас, лицето на нашиот клуб. Тој направи голем чекор напред, и нашите планови со него се долгорочни. Секако, пазарот на фудбалери е тука, и ако некој има добро Светско првенство тоа ќе биде добро за нив, но договор е договор. Ние не сме клуб кој сака да продава, и на средни патеки сакаме да бидеме меѓу најдобрите клубови во Германија“, вели Минцлаф за „Билд“.
Лајпциг зимската пауза ја започнаа со лоша форма, без победа во последните четири натпревари, но Минцлаф вели дека тренерот Ралф Хазенхитл ја има поддршката на лидерите на клубот.
„Ралф е одлична личност и голем тренер и има договор до 2019 година. Сакаме да ја продолжиме соработката, но уште нема притисок за брз договор“, додава Минцлаф.