Top Sport

Лајпциг ќе остане и без спортскиот директор

Спортскиот директор на Лајпциг, Маркус Креше, по завршувањето на сезоната ќе отстапи од функцијата. Веста за заминувањето на Креше, доаѓа во моментот, кога германските медиуми го прогласија Јулијан Нагелсман за нов тренер на Баерн Минхен.

Креше во Лајпциг пристигна во 2019 година. Неговото и заминувањето на тренерот Нагелсман ќе биде голем удар за клубот, кој остана и без двајцата централни дефанзивци Дајот Упамекано и Ибрахима Конате. Упамекано се договори со Баерн, а Конате со Ливерпул.

Извршниот директор на Лајпциг, Оливер Минцлаф, рекол дека во клубот биле подготвени за едно вакво сценарио и дека целта на клубот и во наредната сезона ќе биде да се квалификува во Лигата на шампионите.

Актуелната сезона Лајпциг ќе ја заврши на второто место.

Scroll to Top