Top Sport

Лајпциг потврдија дека Гвардиол сака во Сити: 100 милиони евра и Пеп ќе го добие

Спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл, потврди дека хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол побарал трансфер по интересот на Манчестер сити, но посочи дека англискиот и европскиот шампион ќе треба да плати висока цена за еден од најталентираните млади дефанзивци на светот.

„Гвардиол и неговиот агент изразија желба за трансфер во Манчестер сити. Веќе разгвараме со Сити, и за 100 милиони евра плус бонуси, Гвардиол ќе заврши во силните раце на Пеп“, изјави Еберл.

Доколку Сити навистина плати 100 милиони евра за 21-годишниот Гвардиол, тоа ќе биде рекорд за еден одбранбен играч, соборувајќи го рекордот на градскит ривали Манчестер јунајтед, кои во 2019 платија 87 милиони евра за Хери Мегваер.

Scroll to Top