Top Sport

Лаказет на пат кон Атлетико Мадрид

Александер Лаказет е пред трансфер од Арсенал во Атлетико Мадрид ова лето, доколку „топчиите“ успеат да го убедат капитенот Пјер-Емерик Обамејанг да потпише нов договор, тврди британскиот „Дејли стар“.

Францускиот напаѓач пристигна во Арсенал во 2017 од Лион, и откако Микел Артета стана менаџер на тимот во декември, поголемиот дел од времето го помина на клупата.

Атлетико се подготвени да платат за 29-годишниот Лаказет дури 30 милиони фунти, а се верува дека Артета го отпишал за да направи место за младите напаѓачи Еди Нкетија и Габриел Мартинели, а потенцијалното пристигнување на Вилијан од Челси, уште повеќе ги намалува шансите на Французинот.

Обамејанг заработува околу 180.000 фунти неделно, но бара 250.000 фунти за продолжување на договорот и Артета знае дека мора да продава ако сака да ги оствари своите цели за следната сезона. Покрај Лаказет се верува дека на продажба се и Лукас Тореира, Матео Гендузи, Хенрик Мхитарјан, Шкодран Мустафи и Роб Холдинг.

Scroll to Top