Напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет не сака да направи трансфер во Интер, тврди францускиот весник „Л’Екип“ откако стана потенцијална замена за Лаутаро Мартинез, ако Барселона ја активира клаузулата и плати 111 милиони евра за Лаутаро Мартинез.
29-годишниот Лаказет пристигна во Арсенал од Лион во 2017 година а 53 милиони евра, а оваа сезона има 9 гола и 3 асистенции во 26 меча, но беше на насловните страници на британските таблоиди поради наводната злоупотреба на азот оксид за рекреативна употреба.
Неговата иднина во Арсенал, сепак, останува неизвесна, бидејќи тој не би сакал да остане на „Емирати“ доколку „топчиите“ не се квалификуваат за Лигата на шампиони. Негов трансфер од соништата (како и на многу фудбалери) останува тој во Реал Мадрид, но останува да се види дали вакво нешто е можно.