Александар Лаказет има желба да го напушти Арсенал во финишот на летниот преоден рок. Напаѓачот е незадоволен од статусот што го има кај новиот менаџер, Унаи Емери, на првите три натпревари во Премиер лигата тој одиграл само 95 минути.
Лаказет местото во стартната постава го загуби во вториот дел од минатата сезона, кога тогашниот менаџер Арсен Венгер во клубот го донесе Пјер-Емерик Обамејанг.
Неговиот статус не се смени со заминувањето на Венгер, бидејќи и Емери како и неговиот претходни, игра во формација со само еден напаѓач.
Според медиумите во Англија, Арсенал добил неколку понуди за Лаказет. Преодниот рок до 31.август трае во Франција, Германија и Шпанија.
Изгледа дека и Емери нема ништо против заминувањето на Лаказет, меѓутоа тој сакал да почека до јануари, кога може да донесе адекватна замена.
Лаказет во својата прва сезона во Арсенал постигна 14 гола на 32 одиграни натпревари.