Top Sport

Лалана давел противнички играч (Видео)

Адам Лалана се обидува да ја „пронајде“ формата во која беше пред тешката повреда, но се чини дека најпрвин ќе „најде“ суспензија.

Лалана настапи за младиот тим на Ливерпул против Тотенхем, ден по дербито кое сениорските екипи го одиграа во Премиер лигата (2:2).

Во 63.минута играчот на Тотенхем Џорџ Марш во скок игра го удрил Лалана, а она што потоа го направи искусниот играч ги остави сите без текст. Лалана започнал да го дави противничкиот играч.

Уште потежок инцидент спречи напаѓачот на Ливерпул Дани Ингс.

Лалана доби директен црвен картон, а поради неспортското и насилно однесување го очекува и суспензија од ФА.

Scroll to Top