Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Адам Лалана, признава дека морал да го „прогугла“ името на Јирген Клоп и што значи „gegenpressing“ стил на игра кога Германецот го именуваа за тренер на „црвените“ во октомври 2015.
Лалана, кој одигра 178 натпреври за Ливерпул, голем дел од нив под Клоп си замина од клубот во 2020 како освојувач на ЛШ и Премиерлигата. Поранешниот англиски репрезентативец во новиот документарен филм „Јирген“, се потсети на ситуацијата по заминувањето на Брендан Роџерс од клубот.
„Се сеќавам дека бевме со Англија и дека тогаш тој беше потврден. Морав да одам на ‘Гугл’ да видам каков фудбал тој сака, бидејќи само што завршив тешка прва сезона со клубот. Исто така велеа дека сака гегенпресинг, и не ми беше јасно што е тоа. Потоа ја запознав неговата страст за фудбалот и неговиот стил“, вели Лалана.