Top Sport

Лампард брутално кон Вернер: Тој не ни дава доволно!

Менаџерот на Челси, Френк Лампард беше бесен на своите играчи по 3:1 поразот од Арсенал во саботата, посебно посочувајќи го големото засилување Тимо Вернер и најавувајќи дека следниот меч тој можеби нема да биде во стартните 11.

Вернер, кој сега има 10 меча без гол за „сините“ во сите натпреварувања, беше заменет на полувреме од Калам Хадсон-Одои во моменти кога тие губеа со 2:0. Промената не успеа да донесе и промена на темпото на игра, и Букајо Сака го додаде третиот гол за Арсенал во 56. минута, пред Теми Абрахам да ги постави конечните 3:1 на пет минути пред крајот.

„За напаѓач кога нема голови, ќе има осуда, тоа е нормално. Мислев дека ако го заменам ќе внесам енергија. Тимо не ни даде доволно со топката и без неа вечерва. Понекогаш треба да му дадеме време. Знам дека се прилагодува на нова лига, но тоа мора да го направи бргу. Ќе видиме дали е уморен, можеби му е потребен мал одмор“, вели Лампард.

Scroll to Top