Менаџерот на Челси, Френк Лампард очекува Карло Анчелоти да добие убаво добредојде на „Стемфрод бриџ“ во недела , кога ќе игра против „сините“ со Евертон.
Италијанецот ја освои Премиер лигата и ФА купот за двојна круна во првата сезона со Челси во 2009/10, но беше оптушен при крајот на следната сезона и покрај тоа што беше втор на табелата.
„Ќе добие добредојде, тоа е сигурно. Тој беше почитуван во Челси и мислам дека фановите го почитуваат неговиот период во клубот. Тој беше џентлмен и е фантастичен менаџер. Јас, лично, уживав во работата со него и затоа очекувам добар пречек. Покрај тоа што е фантастичен менаџер, тој беше одличен за работа и на лично ниво, за развивање на пријателства со фудбалерите, за разработување на тактика и за потполна смиреност“, вели Лампард.
Самиот Анчелоти вели дека враќањето на „Стемфорд бриџ“ ќе биде емоционален момент за него и беше импресиониран од работата на Лампард.
„Тој завршува добра работа оваа сезона, која не беше лесна за Челси. Среќен сум што ќе се сретнеме по долго време. Не знам дали смеам да се ракувам поради вирусот, но ќе биде убаво да се сретнеме“, вели Анчелоти.