Менаџерот на Челси, Френк Лампард побара од управата на клубот во летниот преоден рок да го доведат меѓу „сините“ норвешкиот фудбалер, Ерлинг Халанд. Ова го порачал Лампард до сопственикот, Роман Абрамович како главна мета за во иднина.
Норвежанецот кој има само 20 години постигнал 102 гола на 143 меча за првите екипи на Брине, Молде, Салцбург и Борусија Дортмунд.
Само сезонава постигна 17 гола на 14 меча пред да се повреди.
Иако минатиот преоден рок во Лондон пристигна Тимо Вернер, Лампард смета дека Халанд му е потребен во тимот.
Дортмунд не мора да го продава Норвежанецот затоа што тој е под договор со летото 2024 година. Клаузулата за раскин на договорот веќе во 2022 година е 72 милиони евра.