Top Sport

Лампард го пикирал напаѓачот на Селтик

Челси наредното лето ќе купува напаѓач. Тоа е јасно со оглед на формата во која се наоѓа Миши Батшуаи, резервата на Тејми Абрахам.

Иако со клубот од „Стенфорд Бирџ“ се поврзуваат неколку позанати голгетери, како што пишуваат англиските медиуми, изборот на тренерот Френк Лампард ќе биде изненадување за сите.

Лампард во тимот го сакал малку познатиот играч на Селтик Одсон Едуар кој според „Трансфермаркт“ е проценет на 15 милиони евра.

22 годишниот Французин сезонава е најдобра стрелец во Премиер лигата на Шкотска, на 39 натпревари постигнал 24 гола.

Лампард бил убеден дека напаѓач каков што е Едуар му е неопходен во тимот.

Селтик сигурно нема да се противи на овој трансфер, но јасно е дека нема да го продаде за 15 милиони евра. Шкотите за својот прв стрелец ќе бараат двојно поголема сума.

Инаку, во јануарскиот преоден рок Едуар се поврзуваше со Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top