Френк Лампард вели дека е „најлошиот губитник на светот“, откако неговите Челси загубија на пенали од Ливерпул во драматичниот и интересен дуел од УЕФА Супер купот и иако ја стартуваше менаџерската кариера на клупата на „сините“ со два порази вели дека е горд на својот тим.
По 1:1 по регуларните 90 минути и 2:2 по продолженијата, Челси го загуби купот откако Теми Абрахам не успеа да погоди од белата точка. Сепак, во мечот Челси беа далеку подобри од првиот меч од Премиер лигата, кога загубија со 4:0 од Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.
„Се чувствувам горд на мојот тим. Јас сум најлошиот губитник на светот, но задоволен сум од перформансите на тимот бидејќи едноставно немавме среќа. По поразот од Јунајтед, бевме на друго ниво и сега имаме три меча до интернационалната пауза и мораме да победиме на сите. Мејсон Маунт и Теми Абрахам донесоа ново ниво во нашата игра и навистина немавме среќа. На Теми му кажав да не се грижи. И јас промашував пенали, но важно е да ја заддржи самодовербата“, изјави Лампард.
Despite the loss to Liverpool, Frank Lampard was pleased with his side’s showing in the UEFA Super Cup ? pic.twitter.com/LieZ4LP5k4
— Goal (@goal) August 15, 2019