Менаџерот на Челси Френк Лампард ќе добие 170 милиони фунти за засилувања доколку ФИФА на клубот им ја укине забраната за трансфери.
Челси неколку пати не ги почитувале правилата кои се однесуваат на трансферите на фудбалери помлади од 18 години, поради што ФИФА им забрани трансфери во два преодни рока.
Сепак на „Стенфорд Бриџ“ биле оптимисти дека казната би можела да биде укината и дека во јануари би можеле да бидат активни на трансфер пазарот.
Судот за спортска арбитража на 20 ноември ќе ја разгледува жалбата на Челси. Одлуката на судот ги крои плановите на Лампард.
Според англиските медиуми Челси следат неколку фудбалери: Муса Дембеле (Лион), Вилфред Заха (Кристал Палас), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд), Бен Чилвел (лестрр) и Нејтан Аке (Борнмут).