Top Sport

Лампард се откажа од можноста да ги преземе Норич

Легендата на Челси и на англиската репрезентација, Френк Лампард се откажа од можноста да го наследи Германецот Даниел Фарке на клупата на Норич, откако оваа недела преговараше со новиот премиерлигаш.

43-годишниот Лампард е без работа по 18-месечниот престој во Челси кој заврши минатиот јануари, додека Норич се на последното место на табелата во Премиерлигата со само 5 поени по 11 меча. Лампард ги предводеше Челси до четвртото место и до финалето во ФА купот, но беше отпуштен во јануари 2021 и на негово место дојде Германецот Томас Тухел, кој ги предводеше до титулата од Лигата на шампионите.

Норич во моментов како привремен менаџер го има Стив Вивер, а шпекулациите велат дека поранешниот прв човек на Астон вила, Дин Смит, кој исто така доби отказ неодамна, сега е прв фаворит.

Scroll to Top