Тренерот на фудбалерите на Челси Френк Лампард рекол дека ВАР им ја уништува душата на навивачите. Лампард смета дека судиите суделе против неговиот тим. ВАР на Челси против Манчестер Јунајтед им поништи два гола и не го исклучи Хари Мегваер кога резултатот беше 0:0.
„Го погледнав сето тоа повторно, ВАР треба да го направи тоа, а тие не си ја завршија работата. Мегваер требаше да биде исклучен, тоа го смени текот на натпреварот“, изјави Лампард.
„ВАР помалку им ги уништува душите на навивачите“, заклучил Лампард.
Манчестер Јунајтед прв пат од сезоната 1987/88 ги добил двата натпревари во првенството против Челси.