Top Sport

Лампард во одбрана на Хаверц: Ќе видите каде ќе се вклопи

Каи Хаверц немаше најдобар старт на неговата кариера како фудбалер на Челси, но тоа не го разочарува менаџерот Френк Лампард, кој посочува дека неговата улога во тимот ќе стане појасна кога засилувањето вредно 89 милиони фунти ќе се врати во најдобра физичка форма.

Хаверц играше „широко“ на десната страна во дебито со Брајтон, но потоа играше во центарот на теренот при 0:2 поразот од Ливерпул и беше заменет на полувреме откако направи неколку грешки. Лампард вели дека 21-годишниот Германец ќе добие свое место.

„Каи играше на различни позиции во кариерата, како број 9, број 8 и број 10. Играше на десната страна за Леверкузен и јас имам визија за иднината со него. Сега, најважно е тој да биде фит. Потоа ќе стане јасно зошто е тука“, вели Лампард.

Scroll to Top