Top Sport

Лампти ја одби Англија сака да игра за Гана

Младиот фудбалер на Брајтон, Тарик Лампти (21) е еден од оние кои го привлекоа вниманието на најголемите англиски клубови. Лампти имаше одлична сезона во дресот на Брајтон. Лампти деновиве повторно е во центарот на вниманието на англиската јавност бидејќи побарал од селекторот, Ли Карсли, да биде тргнат склучи од списокот на младата репрезентација на оваа земја. Целта на фудбалерот е да го смени спортското државјанство и наместо за Англија во иднина да настапува за Гана.

Тарик Лампти е десен бек и е продукт на младинската школа на Челси. Има одиграно два натпревари за младата репрезентација. Родителите на Лампти потекнуваат од Гана и тој сака да го прифати повикот на оваа репрезентација, свесен дека во сениорскиот тим на Англија владее жестока конкуренција на неговата позиција.

Англичаните имаат исклучителен квалитет на позицијата десен бек во Кајл Вокер, Трент Александер Арнолд, Киран Трипие и Рис Џејмс.

“Има проблеми со двојното државјанство. Ме замоли да го тргнам од списокот бидејќи добил понуда од Гана. Колку што знам, се уште ништо не одлучил, но јасно ми е дека треба да донесе голема одлука. Му кажавме колку е важен, сега тој треба да донесе одлука“, изјавил Карсли за англиските медиуми.

Доколку навреме ја заврши процедурата за добивање државјанство, Лампти сигурно ќе патува со Гана на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top