Лука Модриќ стана првиот добитник на „Златната топка“ кој во наредниот избор не добил место меѓу номинираните. Капитенот на хрватската репрезентација минатата година беше прогласен за најдобар играч во светот, а потоа одигра просечна сезона.
„Хрватот мораше да малку да застане по големиот успех со Хрватска и Реал, но не се очекуваше толкав пад“, ја појаснува „Франс фудбал“ одлуката зошто Модриќ не е меѓу 30 номинирани.
„Реал имаше проблеми во минатат сезона, го освоија само Светско првенство за клубови, рано испаднаа од Лигата на шампионите и завршија на третото место во Ла Лига. Сите слабости што ги има Модриќ ги покажа натпреварот со Ајакс во Лигата на шампионите. Хрватот се изгуби во техниката и борбеноста на Холанѓаните. Дојде крајот на неговата доминација со Крос и Каземиро редот за врска“.
И новата сезона започна лошо за Лука Модриќ.
„Неочекуван почеток му донесе и новата сезона. Во својот втор натпревар, прв пат во кариерата, доби црвен картон. Се врати во тимот по повредата и веруваме дека повторно ќе го гледаме во неговото најдобро издание бидејќи „Златната топка“ беше само товар за него“.
Доделувањето на „Златната топка“ ќе се случи на 2 декември.