Top Sport

Ланзини имал сообраќајна несреќа: Вистинско чудо е што не е повреден

Фудбалерот на Вест хем Мануел Ланзини (29), преживеал сообраќајна несреќа. Очевидци за британските медиуми изјавиле дека е вистинско чудо како фудбалерот и неговиот возач минале без повреди по страшната несреќа.

Сообраќајната несреќа се случила вчера. Возачот на автомобилот, загубил контрола и удрил во дрво, од силината на ударот „Мерцедесот“ се превртел на страна. Според очевидци, возачот морале да го вадат од уништениот автомобил, додека Ланзини тешко се движел откако излегол од возилото.

Сепак фудбалерот не бил повреден, по извршените прегледи добил дозвола да тренира.

„Вистинско е чудо то се живи. Неверојатно е колкава среќа имаа Ланзини и неговиот возач. Играчите на Вест хем често ангажираат возачи, особено оние кои живеат во Лондон. Беа на авто-пат, се можеше да заврши трагично. Ова покажува дека во вакви ситуации сите сме ранливи, не е важно колку пари имаш“, изјавил очевидец за „Сан“.

Мануел Ланзи е играч на Вест хем од 2015 година. За „чеканите“ има одиграно 193 натпревари, постигнал 28 голови.

Scroll to Top