Top Sport

Лапорта не бил заинтересиран за Пол Погба

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, наводно нема намера да инвестира во Пол Погба. Лапорта, во вторникот вечерта, во Торино, се сретнал со менаџерот Мино Рајола.

Состанокот се одржал по доделувањето на наградата „Златно момче“, која му припадна на фудбалерот на Барселона, Педри.

Еден од фудбалерите за кои разговорале бил и Погба. Францускиот репрезентативец по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Рајола веќе започна да им го нуди фудбалерот на некои клубови.

На Барселона Погба не и бил потребен. Лапорта се согласил со тренерот Чави, дека францускиот репрезентативец не е профил на играч каков што му е потребен на клубот.

Scroll to Top