Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не може да ги избегне прашањата за потенцијалното враќање на Лионел Меси на „Ноу Камп“, бидејќи договорот на Аргентинецот со ПСЖ завршува во текот на летото.
Лапорта и Барселона не беа во можност да му дадат договор на Меси поради финансиската криза во 2021 година, и тој замина како слободен играч во Пари Сен-Жермен, но постојано од Каталонија се праќаа сигнали за негово можно враќање.
„Сите ме прашуваат за Меси. Постојано. Ми кажаа дека сакаат да го вратам во Барселона, а јас им кажав дека тој е од Барселона и дека сме среќни што го имавме. И дека ќе видиме“, вели Лапорта, кој во посета на Колумбија.