Поранешниот претседател на Барселона, но и актуелен кандидат за враќање на таа позиција, Жоан Лапорта вели дека дури и на вонземјаните им е јасно дека ВАР системот го фаворизира Реал Мадрид.
58-годишниот Лапорта, кој беше претседател на каталонскиот гигант од 2003 до 2010 е еден од фаворитите да го замени Жосеп Марија Бартомеу на изборите овој месец, и вообичаено главна мета му е Реал Мадрид, откако претходно во декември плати огромен билборд во близината на „Сантијаго Бернабеу“ со неговиот лик.
„Постерот беше поставен со смисла за хумор и иронија. Не беше провокација, туку да се промовира мојот лик. Мислам дека го прифатија како добра намера“, вели тој во интервју за „Марка“.
Барса во моментов се само шести во лигата, со 8 поени зад Реал и 10 зад лидерите Атлетико, но Лапорта смета дека и судиите го направиле своето.
„Да се симне марсовец на земјата и го видо ВАР, бргу ќе дознаат дека го фаворизираат Мадрид“, додава Лапорта.