Top Sport

Лапорта со ветување: Барса ќе донесе повеќе засилувања до крајот на преодниот рок

Пред гостувањето на Барселона кај Вилјареал, претседателот на клубот, Жоан Лапорта ги израдува фановите на каталонскиот клуб, инсистирајќи дека до крајот на преодниот рок во петок клубот ќе донесе повеќе засилувања.

„Нови фудбалери? Имаме доволна маргина да донесеме фудбалери, така што ќе има повеќе од едно засилување, тоа е сигурно“, изјави Лапорта.

По неколку преодни рокови одбележани со многу шпекулации, но и со многу мерки за штедење, ова е најдобрата вест која можат да ја чујат навивачите на Блауграна. Се верува дека прв на листата е Жоао Кансело, кој би пристигнал од Манчестер сити на позајмица, а можен е договор и за Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Шпекулациите велат дека Лапорта сака да ги продаде Ансу Фати и Маркос Алонсо, со што би се отворил простор за нови засилувања.

Scroll to Top