Top Sport

Лапорта: Тимски и индивидуално Барселона е посилна од Реал

Барселона пред почетокот на новата сезона ја загуби првата битка со Реал Мадрид. Барселона имаше договор со младиот Турчин Арда Ѓулер (18), но тој во последен момент се премисли и ја прифати понудата од Мадрид. Реал за Ѓулер му плати 20 милиони евра на Фенербахче.

За неуспешниот трансфер на Ѓулер, во едно интервју проговори и претседателот на Барселона Жоан Лапорта. Во обид да ја санира штетата, тој тврди дека Барселона има подобар тим од Реал.

„Имаме подобар тим од Реал Мадрид. Не сме само подобри како тим, туку имаме и подобри индивидуалци. Тие се далеку пред Реал. Знаеме што сака тренерот Чави. Ни недостигаат еден бек и еден играч од средниот ред за да ги исполниме ги сите негови барања“, рече Лапорта и дополни.

„Имавме договор со Ѓулер и бевме подготвени да му платиме на Фенербахче 17,5 милиони евра. Потоа се појавија други клубови како Реал кои понудија повеќе пари. Тогаш решивме да не влегуваме во една таква „војна“, бидејќи имаме други добри играчи. Можевме да се натпреваруваме за неговиот потпис, но ние не сакавме. Имаме одредени критериуми и ги почитуваме“.

Scroll to Top