Top Sport

Лас Вегас лајтс со „неонски“ дресови

Подготовките за дебито на Лас Вегас лајтс, првиот фудбалски клуб од „градот на гревот“ по четири децении одат одлично, ако се забележи дека тимот сега има иа нови дресови, кои се „интересни“.

Лајтс добија лиценца во Јунајтед сокер лигата (УСЦ), третата лига во американскиот фудбал минатата година, по што прво го презентираа својот грб во октомври, кој секако, го има мотивот на неонските светла толку присутни во Лас Вегас.

Сега, тие го презентираа својот нов дрес, нормално со „неонски“ мотив со посебен додаток – доколку некој од фудбалерите прославува со кревање на дресот на глава, ве пречекува големо „смајли“.

Scroll to Top