Фудбалскиот клуб Барселона даде поддршка на иницијативата на унгарскиот конзул една улица во каталонската престолнина да го добие името на Ласло Кубала, легендата на „Блауграна“.
Ласло, или како што беше познат во Шпанија Ладислао Кубала е роден во Будимпешта во 1927 година година и многумина го сметаат за еден од најдобрите играчи кои го носеле дресот на Барселона, играјќи во тимот од 1950 до 1962 година, а накратко беше и тренер на тимот.
Тој беше една од причините зошто стариот стадион на Барселона, „Естадио де лес Кортс“ стана премал за навивачите и почна со изграбата на „Ноу Камп“. Кубала постигна 194 гола во 256 настапи, а при прославата на стогодишнината на клубот беше прогласен за најдобар играч во историјата.
Кубала во кариерата играше за Ференцварош, Слован Братислава, Барселона и Еспањол. Иако беше унгарски државјанин по раѓање, тој имаше словачко потекло и во својата кариера настапуваше за три репрезентации – Унгарија, Чехословачка и Шпанија.