Top Sport

Лацио со деветмина победи во Парма

Фудбалерите на Лацио ја победија Парма со 1:0 во 15-то коло од Серија А.

Ова беше натпревар во кој беа видени два црвени картони за тимот на Лацио. Гостите од Рим останаа со играч помалку во финишот на првиот дел.

Во 42-та минута, Матија Закањи доби црвен картон, а во 78-та минута, Тома Башиќ, исто така беше исклучен.

И со деветмина на теренот, Лацио покажа карактер и успеа да победи во Парма. Голот за победа го постигна Нослин во 82-та минута.

Лацио со оваа победа скокна на осмото место со 22 бода, додека Парма е 17-та со 14 поени.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');