Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез признава дека бил многу блиску до трансфер во Барселона и дека разговарал за тоа со Лионел Меси, но објаснува дека останувањето во Интер била „вистинската одлука“.
Напаѓачот го освои својот прв европски трофеј, титулата од Серија А со „нераѕурите“, но минатото лето Барса долго се обидуваа да го добијат, иако не сакаа да ја платат откупната клаузула од 111 милиони евра.
„Бев многу блиску до Барселона и дури зборував за тоа со Меси. Но, Блауграна имаа економски проблеми тогаш и решив да останам во Интер. Тоа се покажа како вистинска одлука, посебно со скудетото. Неверојатно е да се освои титула со толку важен клуб. Реал Мадрид беа заинтересирани за мене двапати додека бев во младинскиот клуб на Расинг, но сакав прво да се докажам во аргентинскиот фудбал. Сонувам еден ден да се вратам во Расинг“, вели Мартинез, кој направи трансфер од Расинг во Интер во 2018 за 25 милиони евра.