Една недела откако станаа првиот тим кој го совладал Пари Сен-Жермен оваа сезона, Стразбур стигна до нова импресивна победа од 3:0 на гостувањето кај Бордо, зголемувајќи ја мизеријата на „Жирондинците“.
Стефан Баокен најави изненадување на „Матму Атлантик“ уште во втората минута откако елегантно помина двајца дефанзивци на Бордо за водство на гостите од 0:1. Димитри Лиенар во 38. минута со ефективен гол од слободен удар ја обезбеди победата на гостите од Алзас.
Well that escalated quickly…
Strasbourg’s Martin Terrier runs the length of the pitch to put his side 3-0 up away at Bordeaux! pic.twitter.com/iJxnsQ2FQ7
— Goal UK (@GoalUK) December 8, 2017
Мартин Терие во 64. минута да ја искористи грешката на домашната одбрана и да истрча речиси цел терен за супер-соло гол и за фантастични 0:3.
Со победата, Стразбур ги мина Бордо на 11. место на табелата со 21 поен. Навивачите на домашниот тим јасно го искажаа своето незадоволство откако на полувремето трибините останаа полупразни.