Аталанта и Удинезе ги започнеле преговорите околу трансферот на Кевин Лазања. Екипата од Бергамо бара напаѓач кој ќе го наследи Дуван Запата, доколку Колумбиецот реши да го напушти клубот. Запата е слободен за 55.000.000 евра.
Првата понуда што ја испратиле од Бергамо во Удине изнесува 20.000.000 евра плус уште 5.000.000 евра на име на бонуси. Според италијанските медуми Аталанта ќе мора да понуди барем уште околу 5.000.000 евра во кеш за да го добие Лазања.
Италијанскиот репрезентативец минатата сезона за Удинезе постигна 12 голови.