Некои медиуми утрово лансираа сензационална информација дека Пол Погба повеќе нема да настапува за националниот тим. Според тие извори, Погба, бил навреден од зборовите на претседателот на Франција Емануел Макрон, кои биле насочени против исламот и муслиманите.
Светскиот првак со Франција во 2018 година, со кратка и јасна објава се огласи на „Инстаграм“. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед порачал дека се работи за лажна вест.
Пол Погба во кариерата има одиграно 72 натпревари за Франција.